Дома Фудбал Легендарниот Французин: Се срамам од прес конференцијата на Мбапе

Легендарниот Французин: Се срамам од прес конференцијата на Мбапе

Не стивнуваат критиките на сметка на француската репрезентација после серијата на лоши резултати, особено кон капитенот и прва ѕвезда Килијан Мбапе.

Фудбалерот на Реал Мадрид, пред мечот против Италија беше прашан каква реакција очекува од навивачите на „Паркот на принцовите“, а тој одговори дека не го интересира што мислат фановите.

Ова го налути поранешниот репрезентативец и легенда на Франција, Биксант Лизаразу.

„Пресконференцијата на Мбапе ме изненади и ме засрами како Французин. Употребените зборови беа несоодветни. Тоа не се зборови кои ги употребува лидер, а уште помалку капитен.Не може да бидете бесчувствителни кон чувствата на навивачите за националниот тим. Не може да бидете безгрижни, мора да им дадете надеж, треба да ја сочувате емотивната врска меѓу националниот тим и публиката. Зборовите кои ги употреби се неадекватни“, изјави Лизаразу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски гледа напредок и по поразот: Македонија да игра без страв против Словенија

Езџан Алиоски најде причини за оптимизам во настапот во Глазгов, иако Македонија загуби со…