Дома Фудбал Репрезентации Модриќ за мајсторијата против Полска: Ваков гол не сум постигнал од времето во Динамо!

Модриќ за мајсторијата против Полска: Ваков гол не сум постигнал од времето во Динамо!

Лука Модриќ со прекрасен гол од слободен удар во 52. минута вчера и донесе победа на Хрватска во натпреварот против Полска во рамките од второто коло во Лигата на Нации.

Овој гол Модриќ го постигна на еден ден пред својот 39. роденден кој го слави денеска. По натпреварот истакна дека долго време не постигнал погодок на ваков начин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Среќен сум што конечно го постигнав тој гол од слободен удар. Погодив и против Словачка, но со помош на противникот. Ова ми е прв директно, ако не се лажам од Динамо. Изгледа ми „лежат“ слбоодните во Осик. Голот е убав, меѓутоа најважна е нашата игра и борбеност. Навивачите беа феноменални“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ајакс го отпушти Хејтинга, Тен Хаг може да се врати

Ајакс официјално објави дека се разделува со својот тренер Џон Хејтинга по серијата од раз…