Милан и Интер во јануари ќе се борат за потписот на ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти и во јануари да постигнат преддоговор, а следното лето да го доведат бесплатно.