Поранешниот француски репрезентативец и екс-напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал наскоро може да пронајде нов ангажман, но тој нема да биде во најсилните европски клубови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Французинот изминатите девет години ги помина како фудбалер во некои од најголемите клубови во светот, а сега би можел да се пресели во Фламенго.
Сениорската кариера Марсијал ја започна во Лион од каде што премина во Монако за подоцна да стане играч на Јунајтед кој во 2022 година го позајми во Севиља.
За француската репрезентација од 2015 до 2021 година одигра 30 натпревари и постигна само два гола.