Дома Фудбал Останато Јамал со номинацијата за „Златната топка“ сруши рекорд на Мбапе

Јамал со номинацијата за „Златната топка“ сруши рекорд на Мбапе

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал се најде помеѓу 30. кандидати за Златната топка во 2024 година.

Јамал имаше солидна сезона во Барселона, но посебно блесна на Европското првенство, па сосема очекувано се најде помеѓу кандидатите. Со номинацијата Јамал сруши рекорд на Мбапе.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Имено, тој со 17 години и 51 стана најмладиот кандидат за оваа награда, досегашниот рекорд го држеше Килијан Мбапе со 18 години 292 дена.

Сепак, не се очекува Јамал да дојде до ова признание бидејќи има играчи кои повеќе се истакнуваат. Меѓутоа најверојатно и Јамал нема да остане без признание на церемонијата на 28 октомври бидејќи е главен фаворит за наградата најдобар млад фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …