Дома Фудбал Останато Пристигнал на потпис во Премиер лигата, па во солзи побегнал и се вратил во Франција

Пристигнал на потпис во Премиер лигата, па во солзи побегнал и се вратил во Франција

Eрнест Нуамах требаше од Лион да премине во редовите на Фулам, но овој трансфер пропадна во последен момент, бидејќи наводно офанзивецот од Гана побегнал од Лондон.

Имено, „Л’Eкип“ пренесува дека Нуамах во солзи се појавил на лекарските прегледи, а потоа исчезнал од стадионот. Неговиот менаџер не успеал да го пронајде и така пропаднал трансферот вреден 19 милиони евра колку што лондонскиот клуб беше спремен да им плати на Французите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сопственикот на Лион, Џон Текстор се извини на Нуамах бидејќи сакал да го продаде против неговата желба во Фулам. Во редовите на Лион, Нуамах пристигна од белгискиот РВДМ за 28.5 милиони евра, а играше и за Нордсјеланд од Данска и Дрим и за Гана.

Дресот на репрезентацијата на Гана го носеше на 12 натпревари во кои постигна три гола. За Лион има 12 натпревари и три погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе поради проблемите веќе нема да биде капитен на Франција

Францускиот голгетер Килијан Мбапе одново не беше дел од репрезентацијата на Франција за н…