Дома Фудбал Некогаш водеа гиганти во Премиер лигата, а денес се главни кандидати за клупата на Лестер!

Некогаш водеа гиганти во Премиер лигата, а денес се главни кандидати за клупата на Лестер!

Кој ќе го наследи Шекспир на клупата на Лестер?

Крег Шекспир денес заработи отказ од редовите на Лестер, па сега „лисиците“ се во потрага по негов наследник.

Како што пренесуваат англиските медиуми, повикувајќи се на најголемите обложувалници главни кандидати за клупата на овој англиски клуб се Роберто Манчини и Гус Хидинк.

Манчини успешно го води Зенит, додека во Премиер лигата беше тренер на Манчестер Сити. Хидинк исто така има искуство во Англија, тој своевремено беше тренер на Челзи, потоа може да се каже дека исчезна од тренерска мапа, но секако дека би можел да се проба во Лестер.

Покрај овие двајца се споменуваат уште Алан Пардју, Најџел Пирсон, Сем Алардајс...

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…