Eкипата на Барселона одлично ја отвори новата сезона во Примера и во четири кола каталонскиот гигант запиша четири победи со гол разлика 13:3. На теренот тимот изгледа одлично, но изгледа има и одредени проблеми кои засега не влијаат на играта на тимот.
Флик од своето доаѓање во Барселона ја одржува праксата фудбалерите да имаат два тренинзи дневно секогаш, освен на еден ден пред натпреварот.Едниот тренинг е наутро, вториот во вечерните часови. Меѓутоа утринските тренинзи почнале да прават проблем за Флик и одредени фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Флик бил многу лут на последниот утрински тренинг и ги загубил нервите. Неколку фудбалери често пати доцнеле, а најмногу младата ѕвезда Ламин Јамал.
Јамал со своето неодговорно однесување бил на разговор со Флик и добил опомена за да избегне непотребни ситуации во моменти кога на Барселона и оди одлично.
Во овој момент е репрезентативна пауза, а медиумите пренесуваат дека Флик ќе направи поинаков план за тренинзи.