Бурни реакции во јавноста предизвика ситуацијата во која Тео Ернандез и Рафаел Леао стојат подалеку на теренот додека Фонсека ги советува останатите соиграчи, а сега бекот се обиде да ја објасни ситуацијата.
Во медиумите се пишуваше за „војна“ помеѓу двете големи ѕвезди и португалскиот стратег, меѓутоа Ернандез вели дека немало ништо такво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На теренот бевме едвај две минути, немавме потреба од пауза за освежување. Немаме ништо против тренерот и тимот, едноставно немавме потреба од таа пауза“, изјави Ернандез.
Сличен беше ставот и на Фонсека.
„Нема никакви проблеми со Тео и Леао, не креираат никакви проблеми. Разговарав со нив изминативе денови, им го објаснив мојот избор и тие го прифатија. Не приметив каде стоea за време на паузата за освежување, но на теренот беа само две минути и не им требаше дополнителни совети од мене“, објасни Португалецот.
Инаку, Леао и Ернандез не беа стартери на овој дуел и на теренот влегоа во 70. минута.