Дома Фудбал Италија Беше еден од хероите на Наполи во големиот пресврт, а по натпреварот го дочекал шок!

Беше еден од хероите на Наполи во големиот пресврт, а по натпреварот го дочекал шок!

Новото засилување на Наполи, Давид Нерес поминал низ вистинска драма по вчерашниот натпревар против Парма.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По натпреварот во која Наполи победи со пресврт и два гола во судиското продолжение Нерес се соочил со разбојници кои му ги уништиле автомобилот и му се заканувале со пиштол.

Крадците впериле пиштол во Бразилецот откако претходно го скршиле стаклото на автомобилот во кој бил заедно со неговата сопруга. Откако по заканите Нерес им го предал часовникот, тие си заминале.

Настанот го потврди неговата сопруга која по натпреварот им се извини на навивачите кои го чекале за автограм пред хотелот.

„Давид сака да им се извини на сите навивачи кои го чекаа надвор. По напуштањето на натпреварот, двајца мажи на мотоцикл му го уништија автомобилот и го ограбија со закани со оружје“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рафеал Леао ова лето ги исполнува своите соништа!

Ова лето ќе донесе одредени промени и во тимот на Милан, а еден од играчите кој ќе го напу…