Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар го врати ракометарот со кој во 2017 година стана европски шампион!

Официјално: Вардар го врати ракометарот со кој во 2017 година стана европски шампион!

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата.

Во сезоната 2016/2017 кога Вардар беше европски првак Борозан даде 49 гола, од што осум на Ф4 турнирот во Келн (5 против Барселона и 3 против ПСЖ). По својата позиција Борозан е лев бек, но по потреба може да одигра и како среден бек. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

Во моментов во Вадар има тројца членови во тимот кои се дел од шампионскиот тим од 2017 година, тренерот Владо Недановски, неговиот помошник Стојанче Стоилов и Вуко Борозан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…