Дома Фудбал Италија Не е само Аталанта: Уште еден клбу одлично ќе заработи од трансферот на Копмјанерс

Не е само Аталанта: Уште еден клбу одлично ќе заработи од трансферот на Копмјанерс

Јувентус вчера го потврди трансферот на Холанѓанецот Копмајнерс, а Аталанта од неговото заминување ќе добие 51.3 милион евра оштета исплатена во три рати. Вклучени се и бонуси од седум милиони евра.

Но, од трансферот на Копмајнерс ќе заработи и АЗ Алкмар. Холандскиот клуб при продажбата на Копмајнерс додал клазула според која му следува од 10 до 20% од профитот од следниот трансфер на фудбалерот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аталанта плати 14 милиони евра за неговите услуги, па така АЗ Алкмар според пресметките треба да добие помеѓу 3.7 и 7.5 милиони евра.

Исто така бидејќи Копмајнерс е продукт на школата на АЗ Алкмар клубот ќе добие и 5% од трансферот наменет за солидарни исплати. Во овој случај тоа е 2.5 милиони евра. Кога се ќе се собера АЗ Алкмар од Јувентус ќе добие нешто помеѓу 6.25 и 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …