Дома Фудбал Шок за Барселона: 17-годишникот кој блескаше си ги скина лигаментите!

Шок за Барселона: 17-годишникот кој блескаше си ги скина лигаментите!

По третото коло во шпанската Примера, фудбалерите на Барселона останаа единствена екипа со максимален учинок.

Победничкиот гол за Барселона во вчерашниот натпревар против Рајо го постигна Дани Олмо за кого тоа беше деби настап.

Средбата ја одбележа и Марк Бернал, 17-годишниот фудбалер за врска. Флик му даде шанса, а поради зрелоста која ја покажува на теренот го доби и прекарот „новиот Бускетс“.

За жал по мечот стигна лоша вест за младиот фудбалер и за Барселона. Имено, тој се здобил со скинати лигаменти и ќе го чека долга пауза и рехабилитација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…