Дома Фудбал Навивачите можат да здивнат: Олмо и официјално регистриран!

Навивачите можат да здивнат: Олмо и официјално регистриран!

Навивачите на Барселона конечно можат да здивнат, Дани Олмо од утрово и официјално е регистриран за настап во Ла Лига и ќе може да дебитира уште вечерва против Рајо Ваљекано.

Барселона успеа да пронајде начин и да ги заврши административните обврски околу Олмо кој сега ќе може да се фокусира на настапите на теренот.

Името на Олмо од утрово веќе е на списокот на регистрирани фудбалери.

Ханси Флик во претходните денови изјавуваше дека Олмо е одлично физички спремен и сега само од него ќе зависи кога ќе дебитира шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го задржи Алисон, Бразилецот бара договор до 2029

Почнале разговори за продолжување на соработката со Алисон Бекер, чиј актуелен договор ист…