Дома Трансфер зона Нејмар се понудил на Барса? Се огласија од тимот на Бразилецот!

Нејмар се понудил на Барса? Се огласија од тимот на Бразилецот!

Во текот на вчерашниот ден во јавноста се појавија информации дека Бразилецот Нејмар се понудил на Барселона да се врати во Каталонија, но брзо пристигна демант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од таборот на Нејмар ги контактираа медиумите пренесувајќи дека информациите кои се шират за негово можно враќање во Барселона се лажни.

„Нејмар има договор со Ал Хилал и е среќен во Ријад. Наскоро ќе се врати на терените за да ги воодушевува навивачите“, соопштија од тимот на Бразилецот.

Во веста за Нејмар и Барселона се истакнуваше дека бразилскиот фудбалер се понудил, но германскиот стратег Ханси Флик го означил како непотребен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Oскар додека играл во Кина не ја трошел платата, откри како живеел

Поранешниот бразилски фудбалер Оскар кој неодамна ја заврши својата кариера, го изненади б…