Дома Трансфер зона Симеоне доби ново име: Атлетико ја засили одбраната со играч Барселона

Симеоне доби ново име: Атлетико ја засили одбраната со играч Барселона

Атлетико Мадрид по трансферите Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин Ле Норман, Александре Серлот, денеска го потврди и пристигнувањето на Клемент Ленгле.

Францускиот стопер од Барселона се пресели во Атлетико, на едногодишна позајмица, а „јорганџиите“ на крајот од сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор. Атлетико за позајмицата ќе плати сума од три милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ленгле беше изборот на тренерот Диего Симеоне откако Атлетико не успеа да го ангажира Дејвид Хенк од Феенорд.

Зад себе Ленгле има исклучително богата кариера во која го носеше дресот на Нанси, Севиља, Барселона, Тотенхем и Астон Вила. За француската репрезентација одигра 15 натпревари и постигна еден гол.

Симеоне оваа сезона ја форсира формацијата со тројца стопери, па Ленгле сега ќе биде петта опција заедно со Хименез, Аспиликуета, Витсел и Ле Норман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…