Милан е во напредни преговори за трансфер на ѕвездата на Борусија Мехенгладбах, Ману Коне, пренесуваат италијанските медиуми.
Младиот Французин игра фантастично во Бундеслигата и веќе го доби епитетот „новиот Канте“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Коне има одлични дефанзивни карактеристики, притоа има и добра техника, па е идеален профил каков што бара Милан.
Наводно Милан е спремен да го продаде Бенасер, кој има понуда од Саудиска Арабија, за да ослободи место за доведување на Коне.
Мехенгладбах вчера потврди дека Французинот не е во тимот бидејќи е пред трансфер во друг клуб.