Дома Трансфер зона Саудијците и не се така моќни: Сезоната започнуваа, а најголема ѕвезда во преодниот рок е играч на Астон Вила

Саудијците и не се така моќни: Сезоната започнуваа, а најголема ѕвезда во преодниот рок е играч на Астон Вила

Со денешните натпревари ќе започне новата сезона во Саудиска Арабија каде што првенството титулата ќе ја брани Ал Хилал.

Но, сезоната не се исчекува со внимание како што беше случај во претходната, а причината е слабиот преоден рок кој го одработија саудиските клубови. Овој преоден рок не може ниту да се спореди со минатиот кога беа доведени играчи како: Нејмар, Бензема, Фабињо, Канте, Милинковиќ-Савиќ, Ријад Марез, Фирмино, тука беше и Роналдо кој потпиша за Ал Наср неколку месеци претходно…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Муса Дијаби од Астон Вила кој го облече дресот на Ал Итихад за 60 милиони евра беше најголемиот трансфер и тоа јасно покажува дека овој преоден рок е далеку по квалитет од претходниот. Ал Итихад беше и најактивниот клуб, а од европскиот фудбал ги доведе уште Усем Ауар од Рома и српскиот голман Предраг Рајковиќ.

Шампионот Ал Хилал за изненадување не доведе никого, но и во таква ситуација се прошетаа до трофејот во Суперкупот со победа над Ал Наср од 4:1. Треба да се потсети и дека се без Нејмар кој се опоравува од повредата.

Очигледно на Саудијците не им оди така лесно како што очекуваа и покрај милионите кои ги имаат на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…