Дома Македонски спорт Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо

Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо

Динамо Загреб вчера славеше победа над Карабах во плеј-офот од Лигата на шампионите со 3:0 и така дојде на чекор од пласман во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Во овој натпревар до јубилеј стигна и македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски. Овој натпревар за Ристовски беше негов 150. во дресот на Динамо, но и покрај победата тој нема да го памети по добро.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ристовски поради повреда мораше да биде заменет по само 20-тина минтуи игра. Засега нема информации од каков карактер е повредата и колку ќе паузира.

Македонскиот фудбалер имаше одличен почеток на сезоната и во првите три кола од првенството на Хрватска веќе постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ла Лига сè уште не започнала, но веќе има нова војна меѓу Реал Мадрид и Тебас

Новиот „војна“ помеѓу Реал Мадрид и првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас почна точно навре…