Легендарниот Свен Горан Ериксон боледува од канцер кој е во поодмината фаза, а самиот е свесен за тешката состојба во која се наоѓа.
За жал изгледа дека болеста кај Ериксон сериозно напредува, па славниот тренер објави проштална порака преку која сакаше да се збогува со сите кои ги познава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав добар живот. Се плашиме од денот кога ќе умреме, но мораме да прифатиме и дека смртта е дел од животот. Се надевам на крајот сите кои ме познаваа ќе кажат дека сум бил добнар човек. Сакам да бидам запаметен како позитивен човек кој се трудеше да направи се што може. Нека не ви биде жал, насмејте се. Ви благодарам за се на сите, тренери, играчи, навивачи…беше фантастично. Чувајте се и чувајте го вашиот живот, но и живејте го“, објави Ериксон.
Низ кариерата Ериксон беше тренер на Бенфика, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити…еден период ја водеше и селекцијата на Англија.
На 23. август ќе биде објавен и документарен филм посветен на неговата кариера.