Во изминатите неколку дена во центарот на вниманието на медиумите е и ситуацијата со Илкај Гундоган кој наводно побарал Барселона да го продаде.
Според информациите Дани Олмо е причината што Гундоган сакал да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно фудбалерот за врска сметал дека неговото влијание во тимот со Олмо ќе се намали, а тоа не му се допаѓа.
Сега се најавува негово можно враќање во Манчестер Сити што би било изненадувачки трансфер. Гундоган со Манчестер Сити освои се што може да се освои и минатото лето пристигна во Барселона за која одигра 41 натпревар и беше еден од најважните во тимот.
Додека се чека одлуката околу неговата клупска иднина, Гундоган вчера објави дека се повлекува од репрезентацијата на Германија.