Во рамките од првото коло во Премиер лигата вчера се играше дербито помеѓу Манчестер Сити и Челзи кое на крајот заврши со победа на „граѓаните“ од 2:0. Тимот на Гвардиола преку Ерлинг Халанд и Матео Ковачиќ постигна по еден гол во двете полувремиња што беше доволно за победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот фудбалер беше стрелец на вториот гол во 84. минута, а во таа ситуација привлече посебно внимание поради потезите кои ги имаше против Моисес Каиседо и Енцо Фернандез.
Ковачиќ помина покрај двајцата фудбалери за кои Челзи плати вкупно 237 милиони евра, 116 за Каиседо и 121 за Енцо.
Од друга страна го пуштија Ковачиќ да замине во Манчестер Сити за 29 милиони евра. Ваквата ситуација не помина незабележано од фановите на социјалните мрежи.