Дома Фудбал Останато Гатузо вака може да ги налути навивачите: Не е чудо што Динамо доминира 15-16 години

Гатузо вака може да ги налути навивачите: Не е чудо што Динамо доминира 15-16 години

Tренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо одржа прес-конференција за медиумите пред натпреварот од третото коло во хрватската лига каде што неговиот тим ќе го пречека Вараждин.

Во еден дел од прес-конференцијата Гатузо зборуваше за случувањата во клубот, а помеѓу нив беше и елиминацијата од квалификациите за Конференциската лига.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Не е се црно во нашето испаѓање, ќе имаме повеќе сили да се посветиме на првенството“, изјави Гатузо по испаѓањето од Ружемборк.

Но, потоа го прокоментира и тимот на Сергеј Јакировиќ истакнувајќи дека не е случајно тоа што Динамо доминира во Хрватска.

„Ги гледав, секогаш ја следам конкуренцијата. Тие се тим со победнички менталитет, не е случајност што доминираат 15-16 години и секогаш играат во Европа. Ние со нашиот ростер не може да играме во две натпреварувања. Динамо е структуиран, има ростер и добри играчи. Во последните шест години како тренер во Европа видов дека е тешко да се играат два натпревари неделно“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ветеранот на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Дани Карвахал му недостасуваше на Реал Мадрид можеби повеќе од било кога, што се забележа …