Данскиот тенисер Холгер Руне доживеа топлотен удар за време на мечот на турнирот во Синсинати.
Руне за момент изгуби свест и малку фалеше да падне од столчето на кое седеше. Лицата кои беа во близина веднаш му дадоа шеќер и вода, а и му беше измерен притисокот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По укажаната помош доби дозвола да го доигра мечот и славеше со 2:0 против Португалецот Нун Боржеш.
Во третото коло Руне ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Алкараз и Монфис.
Коментари