Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше повеќе од три часа славеше со 2:1 во сетови (7:6, 6:7, 6:3) против Данецот Холгер Руне во првиот меч од зелената група на АТП завршниот турнир во Торино.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со овој триумф Ѓоковиќ го обезбеди првото место до крајот на сезоната на АТП листата.
Во клучниот сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк кога поведе со 2:0, меѓутоа Руне брзо возврати, но потоа побара медицински тајм-аут. Во продолжение Ѓоковиќ направи нов брејк и тој се покажа како доволен за да го добие сетот со 6:3 и да слави победа.
За Ѓоковиќ ова ќе биде осма, рекордна година која ја завршува како најдобар тенисер во светот.