Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 57. место на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите и олимпискиот турнир во Париз.
По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 198.2 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 30. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа претставува напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг на Македонија во однос на претходниот.
Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на десеттата позиција на светската ранкинг листа (има 698.9 бода), односно шестта во европски рамки.
Полска забележа пад од едно место, и сега е на 16.позиција во светот, односно на 10. во Европа со 599.8 бодови, додека пак Естонија остана на 44. позиција во светскиот, и 22. во европскиот рејтинг, со 280.7 бода.
Инаку, лидер во светскиот поредок останува САД кој има 838.8 бодови, но сега на втората позиција се проби Србија која собра 758.9 поени, пред Германија која има 755.3 бода.
Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.