Aнглискиот шампион Манчестер Сити е блиску до договор со 19-годишниот Дајвин Мубама кој би требало да биде замената за Хулијан Алварез.
Во прашање е младински репрезентативец на Англија кој до неодамна беше член на Вест Хем, меѓутоа неговиот договор заврши во минатата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните денови преговараше со Олимпик Марсеј и Фамалисао, меѓутоа сега во игра влегол Манчестер Сити.
Тој ќе остане во тимот на Сити и нема да оди на позајмици бидејќи Гвардиола нема преголем избор во нападот. За понатаму не е исклучена можноста да биде позајмен.