Дома Фудбал Англија Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блесна минатата сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и најдобар поединец во Челзи.

Поради тоа раководството на „сините“ сакаше да го награди со нов договор и му понуди двојно повисока плата.

Денес Палмер официјално стави потпис на новиот договор и се обврза на верност со Челзи до 2033 година.

22-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 45 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, а успеа да постигне дури 25 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето…