Најпознатиот чилеански фудбалер има сериозни проблеми со алкохолот.
Фудбалерите на Чиле не се пласираа на Светското првенство во Русија, а јавноста во оваа држава како еден од главните виновници го истакнува Артуро Видал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Баерн наводно констатно е пијан пред одлучувачките натпревари, а дека има проблем со алкохолот потврди и поранешниот селектор на Чиле, Хорхе Сампаоли.
Да потсетиме, Сампаоли во овој момент ја предводи селекцијата на Аргентина со кој избори пласман на Мундијалот во Русија.
„Видал мора да побара помош од доктор, навистина е сериозно. Тој пие и нема мерка. Кога своевремено се враќавме од Лима, ме праша во авионот дали може испие едно пиво. Му кажав не од едноставно причина, со нас летаа некои навистина важни луѓе“, изјави Сампаоли и продолжи:
„Како резултат на тоа тој отвори флаша со висики подоцна во автобусот и заедно со возачот ја испи целата. На крајот, истиот возач заработи отказ“, откри сегашниот селектор на Аргентина.