Тренерот на Хајдук Сплит, Џенаро Гатузо, реши да го отстрани Иван Перишиќ од првиот тим на „билите“.
Хајдук утре игра против Локомотива Загреб, но еден од најдобрите играчи нема да биде во составот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од првиот ден кога дојдов на кормилото во Хајдук барам дисциплина. Постојат јасни правила и секој мора да ги почитува“, кажа Гатузо.
Перишиќ се јави со реакција по потегот на Гатузо и бурните реакции од навивачите на екипата од Сплит.
„Денес имаме важен меч и не ми паѓа на памет да ги малтретирам момците. Нема да го свртам вниманието на себе. Среќно на тимот, а за ова што се случи ќе зборуваме потоа“, објави Перишиќ.