Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими пред почетокот на новата сезона си замина од Струга Трим Лум и одлучи да се врати во редовите на Шкендија.
За Ибраими ова е враќање во тетовскиот клуб по три години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Многу сум среќен бидејќи ги минав најдобрите моменти во кариерата во Шкендија. Исполнет сум, благодарен на Бог. Исто така благодарам до сопственикот навивачите и Тетово. Го чувствувам овој град како дом, како семејство. Ќе уживам помагајќи ѝ на Шкендија.
Градот и навивачите заслужуваат многу повеќе од успесите во претходните години. Ќе се обидам да помогнам во остварувањето на целите и на крај да славиме трофеј“, изјави Ибраими.
За Шкендија, Ибраими повеќе од 200 настапи и постигна 126 гола. Дресот на овој клуб го носеше од 2015 до 2021 година.