Дома Македонски спорт Рељиќ и Ефтимов со порака по настапот на Олимписките игри: Ја обединивме Македонија!

Рељиќ и Ефтимов со порака по настапот на Олимписките игри: Ја обединивме Македонија!

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ вчера оствари голема победа над Џејд Џонс, но во четвртфиналето беше запрена од Либанката, Аун.

Еден ден по настапот во Париз, Рељиќ изрази задоволство од прикажаното.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сè уште сум под импресии од настапот, ги завршив борбите. Во првата битка се сретнав со двократната олимписка шампионка, но влегов храбро и сконцентрирано и немав никаков стрес и притисок од нејзините успеси. Со тренерот смисливме добра техника и на крајот победивме. Во втората борба за жал доживеав тесен пораз. Борбата беше израмнета, но ми фалеше и малку спортска среќа. Се надевам дека тука нема да застанам, туку ќе продолжам кон нови спортски успеси“, изјави Рељиќ.

Сличен став има и тренерот Александар Ефтимов.

„Дадовме сè од себе во најдобро светло да ја претставиме Македонија и со успех се враќаме од Олимписките игри. Во првата борба се боревме со нашиот идол Џонс, успеавме да ја победиме иако таа имаше поголемо искуство од нас.

Штета што во втората борба одлучуваа нијанси и загубивме тесно на патот кон полуфинале. Но, таков е спортот, ние дадовме сè од себе. Не освоивме медал, но според она што го гледам кај медиумите и народот ја обединивме Македонија“, порача Ефтимов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…