Дома Македонски спорт Мак фудбал Ибраими потврди: Заминува од Струга!

Ибраими потврди: Заминува од Струга!

Шампионот во ПМФЛ останува без еден од своите најважни фудбалери, Бесарт Ибраими си заминува од Струга Трим Лум.

Заминувањето Ибраими го потврди преку социјалните мрежи истакнувајќи дека прекинот на соработката доаѓа по меѓусебен договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Почитувани стружани. Сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга. Струга засекогаш ќе остане во моето срце.“, објави Ибраими.

Во Струга Ибраими пристигна во 2022 година, а претходно го носеше дресот на повеќе клубови во странство, додека во Македонија беше дел уште од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…