Eкипата на штипска Брегалница денеска претстави четири засилувања за новата сезона.
Емре Кадри (20) е дефанзивец кој доаѓа од ФК Работнички. Претходно има настапувано во младинските категории на Адана од Турција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џихан Адили во редовите на штипските сини доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а кариерата ја започнува во младите категории на Шкупи, а настапуваше и за Кораби Дебар, Беласица и Дреница (Косово). Игра во средниот ред и има 22 години.
Виктор Крстевски и Рејан Абази во сино-белата чета доаѓаат во пакет на позајмица од Гостивар. Крстевски е стопер кој освен во Гостивар, бележеше настапи и во Вардар и Пелистер. Роден е 2002 година и ги покрива централните одбрамбени позиции. Абази, исто така е роден 2002 година и ќе го засили нападот на ФК Брегалница. Работнички, Шкупи, Кораби Дебар, Локомотива и Гостивар се неговите претходни клубови во кој настапуваше.
Со оваа четворка, полека се комплетира конечниот ростер на ФК Брегалница за претстојната сезона.