Младиот фудбалер од редовите на Јувентус со македонско потекло Никола Секулов следната сезона ќе ја помина како позајмен фудбалер во Сампдорија, пренесуваат италијанските медиуми.
Секулов кој има 22 години ќе бара поголема минутажа за докажување во Серија Б и тоа во тимот кој го води Андреа Пирло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно тој беше позајмен и во Кремонезе во првиот дел од минатата сезона, а во вториот дел од сезоната доби шанса и во првиот тим на Јувентус.
Медиумите во Италија пренесуваат дека интерес за Секулов имало и од Палермо и Фросиноне, но тој се одлучил за Сампдорија.