Дома Фудбал Останато Ди Марија поради смртни закани нема да се врати во Росарио

Ди Марија поради смртни закани нема да се врати во Росарио

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (36) се откажа од трансферот во Росарио откако доби смртни закани.

 Првите закани ги доби во март додека беше во САД со репрезентацијата. Тогаш неговата сестра на работа добила кутија во која имало свинска глава со куршум во челото.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде мојата ќерка Пиа“, откри Ди Марија.

Аргентинските власти ги опишаа заканите кон Ди Марија како обид за демонстрација на моќ од криминалните организации во Росарио, каде што има зголемување на насилството поврзано со дрога и банди.

Ди Марија играше за Росарио од 2005 до 2007 година, а потоа се пресели во Бенфика каде ја доживеа својата афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Минатата сезона се бореа за опстанок во Серија А. Сега се први

Фудбалерите на Удинезе го презедоа врвот во италијанското првенство со победата од 2:3 на …