Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на Арсенал, Ливерпул и Тотенхем. Сите три тима се заинтересирани да го ангажираат шведскиот репрезентативец на лето, пренесуваат медиумите на Островот.
25-годишниот напаѓач пристигна во португалската престолнина од англискиот второлигаш Ковентри Сити и одигра фантастична сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а Арсенал важи за фаворит за неговиот потпис и веќе ги започна преговорите.
Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но Арсенал ќе се обиде со преговори малку да ја намали таа сума.
🚨 Liverpool and Tottenham have joined Arsenal in the race to sign Viktor Gyökeres this summer.🇸🇪🔴 #AFC #LFC #THFC
— Football Transfers (@Transferzone00) July 28, 2024
(Football Insider via @DeadlineDayLive)