Дома Топ вести Чаби Алонсо ја сака младата ѕвезда на Реал

Чаби Алонсо ја сака младата ѕвезда на Реал

Чаби Алонсо остана на кормилото на Баер Леверкузен, а најголема желба во летниот преоден рок ќе биде турскиот талент Арда Гулер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку европски гиганти минатото лето беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката и за неговиот потпис му плати 22 милиони евра на Фенербахче.

Гулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може  да се избори  со големата конкуренција.

Чаби Алонсо сака да го донесе во Леверкузен на едногодишна позајмица каде му нуди првотимски статус.

Гулер ќе може да игра на највисоко ниво и во Лигата на шампиони и следното лето да се врати во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…