Дома Кошарка Синот на Леброн го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Лејкерс

Синот на Леброн го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Лејкерс

Синот на Леброн Џејмс, Брони во текот на предсезоната се обидува да докаже дека заслужува минутажа во официјалниот дел од сезона во НБА лигата.

Сега во Лас Вегас против Атланта во победата од 87:86 го одигра својот најдобар натпревар откако е во Лејкерс. Брони натпреварот го заврши со 12 поени и еден скок, а имаше и по еден освоена и една изгубена топка за нешто помалку од 24 одиграни минути.

Лејкерс до вчерашниот натпревар имаа пет порази во предсезоната и сега ја прекинаа таа низа.

Од неговиот потпис со Лејкерс, синот на Леброн е под голем притисок, а истиот се зголеми по неговите први послаби настапи во предсезоната. Голем дел од јавноста смета дека тој нема квалитет за НБА лигата и таму е само поради неговиот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митрева верува во оваа Македонија: Заедништвото е наш адут против Естонија

Кошаркарките во сабота од 18 часот ја пречекуваат Естонија во Штип, а Тијана Митрева ја из…