Дома Фудбал Официјално: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

Официјално: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

Англискиот селектор Герет Сатугејт и официјално се повлече од функцијата откако не успеа на Островот да го донесе европскиот трофеј.

На Европското првенство Англија стигна до финалето во кое Шпанија беше подобра со 2:1. Иако играа финале Англичаните преку целиот турнир добиваа критики за начинот на кој играат и подобар впечаток оставија само против Холандија во полуфиналето.

Селекторското место Саутгејт го напушта по 102 натпревари на клупата и само Сер Волтер Винтерботом (139) и Сер Алф Ремзи (113) имаат повеќе.

Пред да дојде на селекторската функција, Англија никогаш не играла финале на Европско првенство, а со него имаа две финални битки во низа.

Селектор на Англија беше од 2016 година, претходно ја водеше и селекцијата на Англија до 21 години, додека во клупската кариера го водеше уште Миделсброу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…