Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси за првпат зборуваше по враќањето од Европското првенство
Во обраќањето кое го имаше преку официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Србија, Пикси и откри дека разговарал со големи тренерски имиња за настапот на Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според неговите зборови и тие се согласиле дека Србија не изгледала така лошо на првенството.
„Зборував со Капело, Венгер, Клоп, Бенитез, Дејвид Мојс…Нивното мислење не се разликува многу од нашата анализа по првенството. Капело ми кажа дека не сме заслужиле да изгубиме од Англија и дека не одигравме така лошо. Мораш да постигнеш гол ако сакаш да победиш. Сите се враќаат на шансите на Митровиќ против Словенија, само една топка да влезеше во мрежата ситуацијата ќе беше поинаква. Сите ми кажаа да ја кренеме главата и да продолжиме да работиме. Разговаравме за освежување на репрезентацијата и идејата за подмладување ми се допаѓа“, изјави Пикси.
Ќе потсетиме, Србија првенството го заврши во групната фаза со два освоени бода од нерешените средби со Словенија и Данска, а беше поразена од Англија минимално со 1:0.