Дома Останати Кошарка Евробаскет Коментарот од Денвер за доминацијата на Јокиќ против Франција е хит

Коментарот од Денвер за доминацијата на Јокиќ против Франција е хит

Србија ја победи Франција со 79:67 во Лион во рамките од подготовките за Олимписките игри.

Натпреварот привлекуваше внимание затоа што за Франција играше младата ѕвезда Виктор Вембанјама, а за Србија, Никола Јокиќ кој беше МВП во НБА лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јокиќ играше одлично и за помалку од 20 минути постигна 20 поени и додаде 12 скока. Бојан Богдановиќ додаде 15 поени. Во редовите на Франција најдобар беше Вембанјама со 14 поени и 10 скокови, Јабуселе уфрли 12.

Од играта на Јокиќ беа воодушевени и во редовите на Денвер од каде што објавија видео кога српскиот кошаркар поентира преку Вембанјама со порака: „He’s cooking“, што во буквален превод значи „Тој готви“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Фини…