Дома Фудбал Англиска ѕвезда за првпат во животот ќе се напие пиво ако во недела станат светски шампиони

Англиска ѕвезда за првпат во животот ќе се напие пиво ако во недела станат светски шампиони

Англиската ѕвезда Деклан Рајс (25) вети дека ќе го испие првото пиво во животот доколку Англија во недела стане европски шампион.

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал за англиски „Сан“ изјави дека тоа ќе мора да го направи и со затната нос бидејќи тешко го поднесувал еден од омилените пијалоци на Британците.

Исто ветување даде Рајс и пред три години, но тогаш Италија ја победи Англја на пенали.

Рајс признава дека веќе испил ароматично пиво Шандис, но се уште не „вистинско“ пиво.

Ќе потсетиме, Англија во недела во финалето ќе се соочи со Шпанија од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…