Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Бројките велат: Мбапе на ЕП беше ужасен!

Бројките велат: Мбапе на ЕП беше ужасен!

Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство откако во Минхен славеше со 2:1 против Франција. Французите први постигнаа гол преку Коло Муани, додека Шпанците преку Јамал и Олмо направи пресврт.

Килијан Мбапе беше асистент при голот на Муани, меѓутоа во останатиот дел од играта не придонесе многу како и во текот на првенството.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Мбапе на турнирот постигна само еден гол и тоа од пенал, а исто така таа асистенција до Муани му беше единствената.

Од игра Мбапе на првенството имал 24 удари кон противничкиот гол и 46 допири во шеснаесетникот, меѓутоа и тоа не му беше доволно да погоди од игра. Дефинитивно разочарувачки бројки за играчот од кого во Мадрид очекуваат многу по трансферот од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…