Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте беше воодушевен од настапот на Ламин Јамал во полуфиналето против Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот селектор не штедеше пофалби за младиот фудбалер кој на ден пред финалето ќе наполни 17 години.
Јамал сруши бројни рекорди (ТУКА), а Де Ла Фуенте освен што изрази воодушевување му порача и дека треба да остане присебен.
„Гледавме вистински генијалец – гениј! Мораме да продолжиме да работиме и да го држиме на земја. Имаме среќа што е Шпанец и ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Сега имаме тим со многу сегашност и иднина“, изјави Де Ла Фуенте.