Селекциите на Шпанија и Франција вечерва ќе се соочат во првото полуфинале на Европското првенство.
Веќе се познати стартните постави, Де Ла Фунте поради суспензии не може да смета на двајца стартери Карвахал и Ле Норман, плус Педри кој е повреден, па се одлучи за искусните Навас и Фернандез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дешамп исто направи измени и ги остави Гризман, Турам и Камавинга на клупата, а во стартниот состав се враќа Рабио заедно со Коло Муаини.
Шпанија: Унаи Симон, Хесус Навас, Начо, Лапорт, Кукуреља, Родри, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Ламин Јамал, Нико Вилијамс, Мората
Франција: Мањан, Кунде, Упамекано, Салиба, Т. Хернандез, Чуамени, Канте, Рабио, Дембеле, Коло Муани, Мбапе