Дома Фудбал Англија УЕФА дозволи Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со своите сестрински клубови

УЕФА дозволи Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со своите сестрински клубови

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и официјално добија дозвола од Телото за финансиска на УЕФА да играат во истите натпреварувања како нивните сестрински клубови Жирона и Ница следната сезона.

УЕФА е ригорозна кога се во прашање настапите на клубовите во Европа кои имаат заеднички мнозински сопственик.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот конзорциум Сити Груп ги поседува Манчестер Сити и Жирона, кои оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите, а ИНЕОС Спорт ги поседува Манчестер Јунајтед и Ница, кои ќе играат во Лига Европа.

За да можат да се натпреваруваат заедно во истото натпреварување, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт мораа да го намалат својот удел за околу 30 проценти, а откако го направија тоа, ЦФЦБ (телото за финансиска контрола на УЕФА) им даде дозвола.

Како дел од намалувањето на сопственичките акции во клубовите, Сити Фудбал Груп и ИНЕОС Спорт продадоа дел од сопственоста на Жирона и Ница на независен фонд контролиран од ЦФЦБ.

Исто така е одлучено дека клубовите не можат меѓусебно да разменуваат играчи до септември 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…