Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Нагелсман за спорниот момент: Ова е повеќе пенал од ситуацијата против Данска

Нагелсман за спорниот момент: Ова е повеќе пенал од ситуацијата против Данска

Репрезентацијата на Германија го заврши настапот на Европското првенство откако вчера по продолженија од Германците подобра беше Шпанија.

Шпанија победничкиот гол го постигна преку Мерино во 119. минута. Но, во 109. минута видовме


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


спорна ситуација во која по ударот на Џамал Мусиала топката во рака го погоди дефанзивецот Марк Кукуреља.

Сепак, англискиот судија Ентони Тејлор не се огласи, а немаше ниту реакција од ВАР собата каде што беше Италијанецот Масимо Ирати.

Очекувано на оваа тема по натпреварот зборуваше и германскиот селектор Јулијан Нагелсман.

„Ако топката оди кон голот и шпанскиот дефанзивец игра со рака, не е важно дали има намера или нема. Тоа всушност е најмалку важно. Во прашање е чист пенал. Оној кој го добивме против Данска е многу помалку пенал од ова вечерва. Не разбирам како ова се случува кога судијата има можност да ја прегледа снимката. Не знам кое правило е применето“, изјави Нагелсман.

Судијата Тејлор по натпреварот не даде никаква изјава, а медиумите пренесуваат дека стадионот го напуштил веднаш со црн Мерцедес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…