Денес продолжуваат четвртфиналните дуели на Европското првенство, а во фокусот ќе биде дуелот помеѓу Португалија и Франција.
Португалија никогаш не ја победила Франција
Португалија без поголеми проблеми ја мина групната фаза и заврши како првопласирана во групата. Меѓутоа веќе во осминафиналето Роналдо и дружината имаа сериозни проблеми и поминаа дури после изведување на пенали. Херој беше голманот Кошта кој одбрани три пенали, па ја однесе Португалија во четвртфинале и го спаси Роналдо да не биде трагичар. Сега во четвртфиналето ги чека големиот ривал и репрезентација која е непремостлива препрека. Имено, Португалија никогаш не успеала да ја победи Франција ниту на официјален ниту на пријателски меч. Меѓутоа, токму против Франција ја освои европската круна, но после изведување на пенали откако после 120 минути беше без голови. Сега „триколорите“ им стојат повторно на патот и ќе бидат специјално мотивирани.
Франција има нерасчистени сметки
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова селекција навикнати сме да гледаме поубедливи партии со оглед на квалитетот кој го имаат. Франција пристигна на ова Европско првенство како главен фаворит, но до сега не покажа убедлива игра. Ова е најголемиот тест за „триколорите“ и репрезентација против која имаат нерасчистени сметки, па тоа ќе биде специјален мотив. Во осминафиналето имаа исто така силен противник и против Белгија победија со минимални 1:0. Франција има многу силен и балансиран тим и поквалитетна клупа, па поради тоа е благ фаворит на овој меч.
Веројатни состави:
Португалија: Кошта, Кансело, Рубен Дијаш, Пепе, Мендеш, Палиња, Витиња, Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Леао, Роналдо.
Франција: Мењан, Кунде, Упамекано, Салиба, Тео Хернандес, Канте, Чуамени, Камавинг, Гризман, Турам, Мбапе.
Очекување
Дуел на две силни репрезентации кои не се во најдобра форма, па очекуваме неизвесен дуел кој ќе го решат мали детали, но ќе има голови на двете страни.