Дома Останати Тенис Енди Мареј во солзи се збогуваше со Вимблдон – Ѓоковиќ и колегите го поздравија со силни овации! 🎥

Енди Мареј во солзи се збогуваше со Вимблдон – Ѓоковиќ и колегите го поздравија со силни овации! 🎥

Славниот британски тенисер Енди Мареј денеска во мечот во двојки го одигра последниот натпревар на Вимблдон.

Вимблдон за Мареј е посебен турнир затоа што во 2013 години по 77 години пауза стана првиот Британец кој го задржал трофејот „дома“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единаесет години подоцна тој се збогува со еден од најголемите светски турнири. Не можеше да ги задржи солзите и призна дека е тажен што е принуден да го напушти тенисот.

„Сакам да играм засекогаш. Навистина го сакам овој спорт кој ми даде многу. Ме научи на многу лекции кои ќе ги користам до крајот на мојот живот. Не сакав да запрам и затоа ми е тешко“, низ солзи истакна Мареј.

Покрај теренот на овој меч беа и големи имиња од тенисот како Ѓоковиќ, Швојнтек, Навратилова, Мекинро…сите заедно со публиката со силни овации го поздравија Мареј.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…